-->
-->
Главниот менаџер на кампањата на Трамп, Бил Степиен, е позитивен на Ковид-19
-->
– Главниот менаџер на кампањата на претседателот Трамп, Бил Степиен, е позитивен на новиот коронавирус и планира да остане во карантин се додека не се опорави, но ќе продолжи да ја контролира кампањата од далечина, потврди за Аксиос Тим Муртау, директор за комуникации на кампањата.
Дијагнозата на Степиен, која доаѓа 32 дена пред денот на изборите, е уште еден удар врз напорите на претседателот за реизбор и беше откриен истиот ден кога претседателката на републиканскиот национален комитет Рона МекДаниел беше позитивна на Ковид-19.
Заменик-менаџерот на кампањата Џастин Кларк се очекува да го надгледува штабот на тимот на Трамп во Арлингтон, Вирџинија, бидејќи Степиен работи од далечина, пренесува Политико.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пензијата за декември ќе биде навреме исплатена на 2 јануари
-

Секој македонски граѓанин изминатата година создал по 438 килограми комунален отпад
-

Завршена е реконструкцијата и рехабилитацијата на дел од булевар „Гевгелија“ и натпатникот на улица „Железничка“ во Гевгелија
-

Брижит Бардо ќе биде погребана покрај море
-

Две четиричасовни блокади на грчките земјоделци на граничниот премин Евзони
-

Повеќе скопски општини без струја и вода поради плански зафати
-

Во Берово утрово -9, во скопски Петровец -8 степени
-

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала
