Регионално прифатилиште ќе се прави за кучињата скитници во Вардарскиот плански регион
Членовите на Советот на Вардарскиот плански регион на својата 12-та седница во Велес донеле Одлука со која се утврдува приоритет за пријава на проектот „Згрижување на бездомните животни, кучиња скитници во Вардарски плански регион преку изработка на проектна документација за изградба на регионален центар – прифатилиште“.
Истиот е во рамки на Фондот за техничка документација во рамките на проектот „Градење на општинските капацитети за имплементација на проекти“ на УНДП и Шведската агенција за меѓународен развој (СИДА). Апликацијата за истиот ќе ја изработи Центарот за развој на Вардарски плански регион и ќе ги преземе сите неопходни активности, во согласност со насоките, за добивање средства од Вториот повик за поднесување на предлог проекти за подготовка на техничка документација за инфраструктурни проекти преку Фондот за техничка документација. За оваа одлука од вчерашната седница,денеска информираа од Општина Велес.
На седницата со која раководел велешкиот градоначалник Аце Коцевски кој е претседател на Советот на Вардарскиот плански регион присуствувале градоначалниците на општините во Вардарскиот регион кои се основачи на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион, претставници од Швајцарската Амбасада, на Проектната канцеларија на Швајцарската агенција за развој и соработка и на Министерството за локална самоуправа.
Од Општина Велес информираат дека на седницата присутните воедно биле запознати со новините во регулативата за зајакната социјална инклузивност, транспарентност и партиципативност, од страна на Јован Манасијевски, консултант на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој”,
Манасијевски ги објаснил контекстот, идејата, резултатите и целта на проектот, поддржан од страна на Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка.
Исто така биле претставени и насоките и новитетите во однос на организирањето на граѓанските форумски сесии кои имаат за цел вклученост на граѓаните од заедницата во процесот на донесување на одлуки.
Ново на Сител
-
Филипче за Сител: ВМРО-ДПМНЕ наследи средена држава со стабилни финансии, за година и пол направија хаос
-
Ѓорѓиевски: Ветувам, на крајот на мојот мандат Вардариште ќе биде модерен парк
-
Сиљановска-Давкова oствари средба со грчкиот професор Јанис Армаколас
-
Орбан: Украина има непријателски став кон Унгарија
-
Едно лице убиено, десетици повредени во масовните протести во Перу против претседателот
-
Турција ќе се придружи на потрагата по тела под урнатините во Газа
-
Руски ракети погодија полигон за обука во Украина, неколку мртви
-
Министерката Божиновска учествува на состанокот на министри за економија од Берлинскиот процес