Скопјанец организирал фудбалски турнир непочитувајќи ги мерките за заштита од Ковид-19
Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 17 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Како што се посочува во соопштението од обвинителството, еден од обвинетите постапил спротивно на Одлуката за спроведување мерки на заштита од COVID – 19 при одржување тренинзи на клубовите и одигрување фудбалски натпревари без публика. Обвинетиот организирал и одржал турнир во мал фудбал на игралиште, каде покрај играчите била присутна и публика од околу 100 лица.
Останатите 16 обвинети не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Македонија, па за време на тогаш важечки полициски час биле затекнати како се движат на различни локации.
За сите обвинети надлежните јавни обвинители предложија парични казни од 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.
Ново на Сител
-

На две различни локации во водите на Охридско езеро пронајдени се четири неексплодирани експлозивни направи
-

Продолжуваат ноќните меѓусебни напади помеѓу Украина и Русија
-

55-годишник при извршување земјоделски работи во Нов Дојран пронашол три експлозивни направи
-

Кривична за 43-годишник од Штип, свесно пропуштил да пријави извршено кривично дело
-

Утре сончево, од вторник најавени врнежи и засилен јужен ветер
-

Со „бмв“ возел 109 километри на час на место каде е дозволено 40, приведен 24-годишник од Велес
-

Македонија и Унгарија зацврстија стратешка енергетска соработка
-

Две жени биле нападнати од нивните сопрузи во кумановско
