Дежурните служби во здравствените домови достапни за неопходна здравствена услуга
За време на празничниот викенд, сите граѓани кои имаат потреба од здравствена услуга може да се обратат во најблискиот здравствен дом, каде е обезбедена 24 – часовна покриеност со екипи од Итната медицинска помош и Домашна посета.
Како што соопшти вчера Министерството за здравство, во Скопје – дежурните ординации во трета смена, во недела и празници работат поликлиниките Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар. Со вообичаено работно време функционира и единицата за домашно лекување.
Во Охрид и околината, пациентите можат да се обратат во Службата за ИМП, а по потреба пациентите се упатуваат во Општа болница Охрид.
Центарот за јавно здравје Охрид викендов ќе има дежурни служби во одделението за лабораториска дејност-микробиологија за прием и вршење редовни микробиолошки анализи, денеска, од 8 до 12 часот.
Ковид-пунктот во Охрид е достапен денеска од 8 до 12 часот за закажаните пациенти преку „МојТермин“ за земање материјали за тестирање на Ковид-19.
Во Струга, како што соопшти Министерството, е обезбедена 24-часовна здравствена заштита преку дежурни лекарски екипи во службата за Итна помош и домашна посета (контакт телефон: 076/203 533).
Во реонот на Дојран, обезбедена е здравствена заштита со дежурна екипа од Општа болница со проширена дејност – Гевгелија во амбулантата во Дојран од 8 наутро до 20 часот навечер, по што граѓаните ќе можат да се обратат во службата за ИМП, која функционира на повик (контакт телефон 070/393961).
Во рамки на Здравствен дом Берово, обезбедена е 24-часовна покриеност од службата за ИМП (контакт телефон: 078 447 603, 033 471 002).
Во реонот на Преспа и Ресен, Здравствениот дом во Ресен обезбедува 24-часовна покриеност од службата за ИМП, која има на располагање за претстојниот викенд две медицински екипи.
– Здравствен дом Ростуше ќе обезбеди континуирана здравствена заштита преку службата за ИМП во реонот на Маврово и околните населени места, наведуваат од Министерството.
Ново на Сител
-
ФИФА го казни Шкупи
-
Нетанјаху ќе биде опериран во подземна сала поради опасност од ракетен истрел
-
Пронајдени десет мигранти во две товарни возила на граничниот премин Богородица
-
Постапка против десет лица за кривични дела поврзани со криумчарење возила
-
Во Јужна Кореја прогласена седумдневна жалост поради авионската несреќа
-
Коцевски: Од страна на Јавното обвинителство не протекуваат информации
-
Трент не го известил Ливерпул дека ќе премине во Реал
-
Почина Јагнула Куновска, македонска политичарка и адвокатка