Пет месеци КОВИД-19 во земјава: Вирусот потврден кај 9934 луѓе, од нив 460 починаа
По точно пет месеци откога во земјава беше регистриран првиот случај на КОВИД-19 – на 26 февруари кај жена која допатува од Италија, опасниот вирус досега е потврден кај 9934 луѓе. Од нив, излекувани се 5357, активно болни се 4117, а починаа 460 пациенти.
Во овој месец беа негативните рекорди на заразени и починати од почетокот на епидемијата. Бројот на новодијагностицирани во 24 часа двапати надмина 200 – на 10 јули беше 205 и на 18 јули – 241. На 2 јули починаа 15 пациенти – најголем број во едно деноноќие.
Позитивни на коронавирусот се вкупно 9934 заклучно со вчера, а 94 092 тестирања се направени досега. Во вкупниот биланс се и најновите 137 случаи од 1542 тестирања. Шеесет од нив се во Скопје,16 во Штип, 13 во Куманово,11 во Гостивар, седум во Тетово, по пет во Кичево, Дебар и Битола, три во Прилеп, Велес и Свети Николе и по еден нов случај во Струга, Охрид, Кочани, Пробиштип, Демир Хисар и Виница.
Во 460-те починати се и деветтемина пациенти за кои беше соопштено вчера (по поминати 24 часа) – тројца од Скопје, по двајца од Куманово и од Гостивар и по еден пациент од Штип и Струга.
Институтот за јавно здравје вчера регистрираше и 103 оздравени пациенти: 53 во Скопје, 11 во Струмица, девет во Ресен, седум од Тетово, шест од Прилеп, пет од Велес, тројца оздравени од Кичево и Дебар, двајца од Битола и по еден од Штип, Кавадарци, Струмица и Крушево. Со нив, вкупниот број излекувани е 5357.
Министерот за здравство Венко Филипче вчера на Фејсбук објави дека и покрај благиот раст на активни случаи, процентот на хоспитализирани лица заболени од КОВИД-19 во изминатите две недели е намален за речиси два процентни поена.
– Во изминативе две недели, и покрај благиот раст на активни случаи со КОВИД-19, процентот на хоспитализирани бележи пад од речиси два процента, односно од 11,5 отсто на 15 јули – на 9,7 отсто на 23 јули, наведе Филипче.
Посочи дека во континуитет, лицата кои се примени во болница од вкупниот број активни случаи не надминува 12 проценти.
Во светот до вчера заразени со КОВИД-19 се 15 736 499 луѓе, според евиденцијата на Универзитетот „Џонс Хопкинс“. Бројот на оздравени надмина девет милиони (9 043 203), а жртви на пандемијата, според статистиката на Универзитетот, се 639 652 луѓе.
Ново на Сител
-
Македонските ракометари во третиот „шешир“ пред жрепката за ЕП 2026
-
Телефонски разговор Зеленски – папата Лав XIV
-
Притвор за албански државјанин, извршил полов напад врз своја сонародничка во Дебар
-
Завршни зборови во повторениот судскиот процес за пожарот во модуларната болница во Тетово, пресудата на 16 мај
-
Битолчанка со измама добила лична карта и трансакциска сметка од друго лице, и на негово име подигнала брз кредит
-
Приведен кавадарчанец, возел со 2,52 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода
-
Возеле 160 на место каде што е дозволено 80, уапсени четири лица во гостиварско
-
Променливо и нестабилно време со повремен дожд и во наредните денови