Во Албанија заразени 110 деца со Ковид-19

Во Албанија, каде секојдневно се зголемува бројот на заразени со Ковид-19 и според последниот извештај на Министерството за здравство регистрирани се вкупно 2.752 случаи, не е мал бројот на заболени деца со коронавирус.
Од почетокот на епидемијата во земјата, со Ковид-19 се дијагностицирани 110 деца, а најмалото е едномесечно бебе. Од вкупната бројка околу 25 отсто од заразените деца се активни на болеста.
По вчерашниот негативен рекорд од 90 новозаразени во едно деноноќие, министерката за здравство Огерта Манастирлиу денеска предупреди дека меѓу новозаразените и оние кои болнички се лекуваат со тешки симптоми, се поголем е бројот на млади лица.
– Во Инфективната клиника меѓу хоспитализираните граѓани има млади луѓе кои се лекуваат од сериозни симптоми, предизвикани како резултат на Ковид-19, бидејќи вирусот не разликува возраст. Многу млади денес со чест контакт едни со други, без почитување на правилата, ја зголемуваат можноста за ширење на инфекцијата и ја пренесуваат на родителите, бабите и дедовците, ставајќи ги во сериозна опасност, напиша таа на Фејсбук.
Манастирлиу апелира дека „само со придонесот на младите луѓе, со преземање индивидуална одговорност во ова необично време, ширењето на опасниот коронавирус може да се намали“.
Ново на Сител
-

Спортски настан за промоција на физичка активност и здрави навики кај децата во кабинетот на претседателката
-

Избори во Бугарија: Според обработени 68,34 отсто од протоколите, Прогресивна Бугарија на Румен Радев води со 44,5%
-

Koсовски државјанин осомничен за тешки кражби во Скопје
-

Водовод: Водата за пиење во Скопје одговара на правилникот за безбедност и квалитет
-

ЈП „Комунална хигиена“ во текот на минатата недела подигна 655 кубни метри отпад од диви депонии
-

Ливерпул прв тим во историјата на Премиер лигата што победил на 60 различни стадиони
-

Сан Антонио го победи Портланд во првиот натпревар од плејофот, Вембањама постигна 35 поени
-

Гостиварец остана без „мерцедес“ откако возел 178 км/ч на место каде е дозволено 80
