Фудбал
23. јуни 2020 - 15:27

Јувентус славеше на гостувањето кај Болоња

Јувентус забележа значајна победа на гостувањето кај Болоња во трката за шампионскиот трофеј во италијанската Серија А. 
 
Во натпреварот од 27.коло Јувентус славеше победа над Болоња со 2:0 со головите на Кристијано Роналдо од пенал во 23-тата и Пабло Дибала во 36-тата минута од натпреварот. 
 
„Старата дама“ сега има четири бодови предност од единствениот конкурент за „скудетото“, Лацио, кој утревечер гостува во Бергамо кај Аталанта во последниот меч од оваа рунда.
 
 Вечерва со Серија А се играат четири натпревари. Наполи и Удине тимови за кои настапуваат македонските репрезентативци Елиф Елмас и Илија Нестороски гостуваат кај Верона и Торино, додека Горан Пандев со Џенова ја пречекува Парма.