Бразилски свештеник се молеше за Холокауст и повика на масакр на Евреи
Бразилски свештеник се молеше на Бога да ги „уништи Евреите како штетници“ и да се погрижи за „втор Холокауст“ за време на миса во Рио де Жанеиро, пренесува „Ерусалим Пост“.
– Масакрирај ги Евреите, Боже! Погоди ги со својот меч затоа што тие го напуштија Бога, затоа што ги напуштија нациите, викна свештеникот Тупирано де Хора Лорес пред десетици собрани верници за време на мисата во црквата Геракао Исус Христос, се слуша на снимка, која е направена претходно овој месец.
Собраните внимателно ги слушале неговите зборови и страсно ги повторувале.
– Тие се прикриваа, одеа со проститутки и кога им беше кажано да се покаат, рекоа дека ќе го сторат тоа, но излажаа, рече свештеникот, а неговите зборови се поврзуваат со присилното преобразување во христијанството за време на инквизицијата.
– Боже, тоа што направи во Втората светска војна, треба да го направиш повторно, тоа е она што го барам од тебе во моите молитви: правда, правда, правда!, извикуваше Де Хора Лорес во својата црква, мала и радикална евангелска конгрегација. .
Еврејската заедница во Бразил, која се собира околу синагогата Сем Фронтериа, до федералната полиција поднесе пријава против свештеникот Де Хора Лорез, која потоа соопшти дека спроведуваат истрага и оти ќе преземат мерки против сите кои на овој начин ги навредувале другите луѓе.
„Секој што е виновен ќе биде казнет и ќе биде предупредување на другите да размислат двапати пред да направат такво нешто“, се вели во соопштението на полицијата.
Ново на Сител
-
Маск најави „Грокопедија“ – нова енциклопедија како ривал на Википедија
-
Науката потврди: Овошјето ги штити белите дробови од загадениот воздух
-
„Фајзер“ и Трамп постигнаа договор за намалување на цените на лековите
-
Систем за влез/излез од ЕУ: За што сè треба да се подготват патниците
-
При претрес во Радовиш пронајдена дрога, приведен 34-годишник од Радовиш
-
Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив
-
Папата Лав Четиринаесетти ја критикуваше американската имиграциска политика
-
Словенија, Шпанија, Холандија, Ирска и Исланд бараат „Евровизија“ да го исклучи Израел