Во Пробиштип четири нови случаи на коронавирус
Во Општина Пробиштип денеска има четворица новозаразени со коронавирусот, истите се од скринингот за тестирање што беше спроведен во конфекција во Општина Штип, во самоизолација моментално има 60 лица, информира градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов.
– Инспекциските служби во нашата општина во делот на почитување на протоколите во јавниот превоз и производствените капацитети бележат дека истите се почитуваат, но се испраќа апел до вработените за почитување на мерките при носење маски и одржување на дистанца како за време на работа, така и за време на паузите, рече Анастасов.
Забележа дека Органот за внатрешни работи Пробиштип го известил дека генерално се почитуваат мерките, но има четири прекршувања на полицискиот час изминатиов викенд и повеќе издадени платни налози за неносење на заштитна маска за лице.
– Почитувани сограѓани, без разлика што бројот на заразени во нашата општина се зголеми, состојбата сѐ уште не е алармантна и не спаѓаме во општините кои се ризични, за да ова остане така, за што е можно побрзо да ја надминеме оваа состојба, секој еден граѓанин со свој пример треба совесно да се однесува и да ги почитува мерките за заштита, а со тоа да ги заштите и останатите, вели Анастасов.
Ново на Сител
-
Епископот г. Партениј посака благословена четириесетница и меѓусебно простување
-
Детектор за дигитализацијата
-
Пронајдена дрога во автомобил на наплатна рампа Сопот, велешко
-
Мицкоски: Прочка е ден кој не потсетува на значењето на простувањето, смирението и човечката блискост
-
Мицкоски и министрите ќе учествуваат на унгарско-македонскиот владин самит во Унгарија
-
Приведен 17-годишник кој бил агресивен кон полицајци на службена должност
-
Во Лос Анџелес доцна вечер почнува 97. церемонија на доделување на наградите Оскар
-
Пронајдени 10 пакувања со марихуана кај 18-годишник