СпејсИкс ја прекина руската превласт во вселената
Летот на американската приватна компанија СпејсИкс (SpaceX) го означи крајот на монополот – Русите веќе не се единствените кои испраќаат космонаути на Меѓународната вселенска станица (International Space Station – ISS), што, сметаат експертите, треба да поттикне преиспитување на руската вселенска програма.
Новата капсула СпејсИкс, која во саботата полета од Флорида, САД, вчера, без потешкотии, слета на Меѓународната вселенска станица, по 19 часа лет.
Руската вселенска агенција Роскосмос го „поздрави“ полетувањето на бродот СпејсИкс, а нејзиниот извршен директор за летови со човечки екипаж, Сергеј Крикалов оцени дека „успехот на оваа мисија ќе ни даде нови можности“.
„Трамполини функционира“, се пошегува основачот на „Спејс Икс“ Елон Маск на прес-конференција во неделата, во духовита забелешка упатена до директорот на Роскосмос.

Ново на Сител
-
Три жени осомничени за полови дејствија со деца и детска порнографија во гостиварско
-
Мајка и ќерка повредени кога нивното возило излетало и застанало на пругата кај Стар Мост во Велес
-
Ангелов: До 13:30 часот се евидентирани 16 пожари на отворен простор, од нив осум се активни
-
Македонски државјанин пронајден починат во стан во Саранда
-
Во Свети Николе два пожари, а дел од домаќинствата немаат вода за пиење поради голем дефект
-
Приведени двајца малолетници од Струмица, одзеле возило „Форд“
-
Полициски службеници успешно евакуираа припадник на македонската Армија од огнената стихија
-
Активни пожари во кумановските и селата од општина Старо Нагоричане Бељаковце, Стрезовце, Сув Ора и во Руѓинце