Во штипската текстилна конфекција се зголемува бројот на заразени работници
Нови пет случаи на заразени со коронавирус во Штип, од кои четири се текстилни работнички од штипската конфекција, во која во изминатите два дена беа регистрираа две заразени работнички, со што во оваа фабрика вкупниот број на заболени изнесува шест лица. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски денеска рече дека од страна на сопственикот на конфекцијата е информиран оти се затвара на една недела, а ако се покаже потреба и подолго.
-Јас разговарав со сопственикот на конфекцијата, но и со сите инспекциски служби и ме информираа дека таму е извршен инспекциски увид, надзор и контрола и е констатирано дека не се прекршени мерките за носење на заштитна опрема. Но, сопственикот ме информираше дека на негова иницијатива ќе ја затвори компанијата од недела дена, а ако има потреба и повеќе, со цел да се испитаат сите вработени, вели Бочварски.
Надлежните од Центарот за јавно здравје-Штип информираа дека денеска се земени девет брисеви од кои седум се поврзани со конфекцијата. Во тек е и епидемиолошка анкета за работничките од други конфекции, кои се превезувале во ист автобус со работничките од оваа штипска конфекција. Првично станува збор за повеќе од десет лица.
Ирина Бухова, директор на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, вели дека сите контакти на досега утврдените позитивни случаи ќе бидат ставени во изолација, но најавуваат надзор и на автобусите на другите конфекции.
-Во однос на превозните средства ДСЗИ ќе изврши надзор во однос на хигиената во нив, обезбедени средства за дезинфекција на раце на лицата кои се превезуваат и динамика на дезинфекција на превозните средства, вели Бухова.
Кристина Ампева од НВО „Гласен текстилец“, како најгласна организација за правата на текстилните работнички, препорачува во фабриките да се користи годишниот одмор за да се спречи состојбата да излезе од контрола. Вчера со препорака излезе и Центарот за јавно здравје во Штип – да се држи дистанца, да се носи заштина опрема и редовно да се дезинфицираат автобусите и сите работни површини.
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување