Од утре почнува исплатата на мајските пензии
Над 320.000 пензионери ќе ја добијат предвреме мајската пензија. Исплатата почнува утре, 27 мај, и ќе биде етапна.
Како што соопшти денеска Министерство за труд и социјална политика, подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата.
Во среда, на 27.05.2020 година ќе се врши исплата на пензии до 11.000 денари, во четврток, на 28.05.2020 на пензии од 11.001 до 14.000 денари, во петок, на 29.05.2020 на пензии од 14.001 до 18.000 денари, додека во понеделник, на 01.06.2020, ќе се реализира исплатата на пензии повисоки од 18.000 денари.
Според Министерството, пензионерите кои користат платежна картичка поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од утре, среда, 27 мај. Тие можат да ја подигнат мајската пензијата на банкомат или да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа.
-Со етапната исплата на пензиите овозможуваме поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19. Апелираме до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, да носат лична заштитна опрема којашто ги покрива устата и носот како и да држат растојание од најмалку два метра при чекање ред пред и внатре во банките, велат од Министерството.
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава