Ден на жалост во Кина за жртвите од коронавирусот

Во Кина денеска е Ден на жалост и со триминутно молчење ќе им се оддаде почит на жртвите од новиот коронавирус.
Државниот совет на Кина одлучи 4 април да го прогласи за Ден на национална жалост за жртвите кои починаа како последица на пандемијата на Ковид-19, и за здравствените работници, кои го жртвуваа својот живот за да ги спасат луѓето, објави кинеската национална телевизија.
Според одлуката, денеска во земјата сите знамиња се спуштени на половина копје, како и во кинеските амбасади и конзулати во странство. Откажани се сите јавни активности и настани. Во 10 часот по локално време со триминутно молчење, Кина им оддаде почит на жртвите на коронавирусот.
Денот на жалост се совпадна со почетокот на годишниот празник познат како Ден на предците, кога милиони Кинези и оддаваат чест на починатите членови на своите семејства.
Бројот на заразени лица со коронавирус во Кина од декември 2019 година досега изнесува 81.639, а починаа 3.326 луѓе.
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова: Творештвото на Чемерски заслужува темелно да се истражи, документира и претстави
-

Од победник на ораторски вечери до Индија на Мис на светот | Чарна Невзати | Sitel Podcast 125
-

Од следната недела се воведува 18% ДДВ на онлајн-нарачки до 22 евра
-

Поради говорот на омраза на Додик, СНСД ќе плати казна од 15.000 евра
-

Советот на Европа бара поефикасно собирање податоци за справување со сексуалната злоупотреба на децата
-

Амандманската расправа за Буџетот за 2026 продолжува утре напладне
-

Најмногу дожд на Попова Шапка, најмалку во Штип
-

Во Собранието амандманска расправа за Буџетот за 2026
