Вучиќ издаде наредба ако е потребно херметички да се затворат границите

По пишувањето на српските медиуми, српскиот претседател Александар Вучиќ денес потврди дека издал наредба ако е потребно, поради мигранстската криза, херметички да се затворат границите, јави дописникот на МИА од Белград.
– Издадов наредба на српската војска, го замолив Бирото за соработка со сите (безбедоносни) служби, како и МВР, и српската Влада, доколку дојде до загрозување на националната безбедност, можеме речиси херметички да ги затвориме границите на нашата земја, изјави Вучиќ.
Тој додаде дека Србија отсекогаш покажувала солидарност и им помагала на мигрантите, но, како што кажа, „ние да бидеме единствена жртва, и земјите од Западен Балкан тоа да бидат, тоа нема да се случи“.
– Ќе ја затвориме границата во рок од 12 часа ако е потребно. Веќе почнавме да работиме на некои работи, но се надевам дека тоа нема да се случи, истакна Вучиќ.
Претходно денеска српската премиерка Ана Брнабиќ одржа состанок на кој беше запознаена со актуелната состојба во однос на движењата на мигрантите и координацијата на работата на државните органи, на кој е констатирано дека нема зголемен притисок на мигранти на границите на Србија, дека состојбата на границите на Турција и Грција се стабилизира, истакнувајќи дека бројот на мигранти е на исто ниво како и во претходните месеци.
Ново на Сител
-

Мицкоски ќе се сретне со репрезентативните синдикати од областа на администрацијата
-

Променливо облачно со повремен дожд
-

Ковачки: Го поседувам највисокиот национален безбедносен сертификат државна тајна, како и највисокиот НАТО сертификат
-

Украински беспилотни летала погодија хемиска фабрика во рускиот Тверски регион
-

Орбан: Украина е непријател на Унгарија, бараше да не добиваме руски енергетски резерви
-

Поранешниот израелски премиер Ехуд Барак повеќепати престојувал стан на Епстин во Њујорк
-

Браун: Кризата со лидерството на Стармер е „сериозна“
-

Жител на кавадаречко Возарци возел без возачка, полицијата му го одзела автомобилот
