ВМРО-ДПМНЕ: Министерот Спасовски да даде одговори за случајот со фалсификуваните лични карти
ВМРО-ДПМНЕ денеска побара од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да одговори кој стои зад случајот со фалсификуваните лични карти.
- Јавноста бара информации зошто Оливер Спасовски прикрива кој стои зад наводниот скандал кој го обелодени „Фокус“. Јавноста бара информации кои се членовите на избирачките одбори што им овозможиле на лицата со фалсификувани лични карти да гласаат на избирачките места. Јавноста бара информации каде се изработени фалсификуваните лични карти и кој ги координирал активностите. Оливер Спасовски мора да одговори зошто прикрива каде се уште 29.900 фалсификувани лични карти, се вели во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ истакнува дека Спасовски ги има сите ресурси на МВР и сите овластувања да издаде соодветни наредби за случајот да се заврши брзо и ефикасно и виновниците да бидат изведени пред надлежните судови.
- Граѓаните од Вас бараат да ја решите оваа афера и да дадете одговори. Доколку станува збор за фабрикување на афера, граѓаните бараат и во тој случај да постапите според законот и лицата кои ја фабрикувале оваа афера да ги соочите со правдата. Ваша обврска е да спречите овие избори да имаат каква било дамка. Не смее да ја злоупотребувате функцијата за да му обезбедувате алиби на вашиот лидер повторно да не ги признава изборните резултати. Министерството досега покажало дека е компететно да се справува и со потешки предизвици и затоа немате право да се криете и да молчите за ваква сериозна афера, наведува ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Трамп навести истрага против Сорос
-
Уапсен 43-годишен маж од кавадаречко, ја нападнал својата жена со метален предмет
-
Од утре попладне времето ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи
-
Приведени две лица од Дебар, предизвикале пожар на отворено
-
Три лица повредени во сообраќајка во Струмица, меѓу кои и малолетник
-
Ангелов: Продолжи затрупувањето во Дрисла, чадењето е делумно намалено
-
Локални избори 2025: Последен ден за поднесување кандидатури за градоначалници
-
Ерика Кирк: Чарли го убија поради патриотизам, вера и милосрдна љубов