Изложба на фотографии од Благоја Бањански во Кавадарци
Во Музеј галеријата во Кавадарци синоќа беше отворена изложба на фотографии од кавадарчанецот Благоја Бањански.
Станува збор за, како што рече директорот на музејот Петре Камчевски, еден од најдобрите уметнички фотографи.
- За својата работа тој има добиено бројни награди и признанија. Идејата за една ваква изложба дојде од дизајнерот Јадран Манчев кога ја работевме монографијата „Кавадарци во делата на старите фотографи“. Тој кажа дека видел многу интересни фотографии од архивата на Бањански, кои заслужуваат да бидат објавени во една изложба, рече Камчевски.
Настанот е дел од програмата за национален интерес во културата, а е потпомогнат и од кавадаречкиот градоначалник и Советот на општина Кавадарци.
Изложбата на која се претставени 40 фотографии направени од 1960 до 1977 година, ќе биде отворена во наредните дваесетина дена.
Благоја Бањански е роден во Кавадарци 1940 година. Завршил градежно архитектонски факултет во Скопје. Како студент бил претседател на студентскиот фото клуб „Вардар“. Загинал во сообраќајна незгода во 1977 година.
Ново на Сител
-
Филипче за Сител: ВМРО-ДПМНЕ наследи средена држава со стабилни финансии, за година и пол направија хаос
-
Ѓорѓиевски: Ветувам, на крајот на мојот мандат Вардариште ќе биде модерен парк
-
Сиљановска-Давкова oствари средба со грчкиот професор Јанис Армаколас
-
Орбан: Украина има непријателски став кон Унгарија
-
Едно лице убиено, десетици повредени во масовните протести во Перу против претседателот
-
Турција ќе се придружи на потрагата по тела под урнатините во Газа
-
Руски ракети погодија полигон за обука во Украина, неколку мртви
-
Министерката Божиновска учествува на состанокот на министри за економија од Берлинскиот процес