Во САД дијагностициран 13-от случај на заболен од коронавирус
Во САД е дијагностициран 13-от случај на заразен од коронавирус, додека бројот на починати од овој вирус на светско нива ја помина границата од 1,000 луѓе.
Амриканецот што доби позитивен тест за вирусот е во Сан Диего, потврдија од американскиот Центар за контрола на болести и превенција, јави „Еј-би-си њус“.
Се наведува дека заболениот пристигнал со авион од Кина со првиот лет за евакуација на американски жители. Авионот слетал минатата недела на аеродром на Воено-морската база Мирамар во Сан Диего. Сите патници во авионот се подложни на 14-дневен карантин.
Кинескиот Национален комитет за здравство денеска потврди дека регистрирани случаи на инфекција од вирусот во Кина вкупно досега се 42,638, од кои 1,016 починале, со тоа што првпат бројот на смртни случаи дневно ја надминал цифрата 100 – само вчера имало 108 смртни случаи, од кои 103 биле во провинцијата Хубеи, регионот од каде се проширо новозабележаниот вирус.
Покрај заболените во Кина, постојат уште 319 случаи на заболени во 24 други земји, вклучувајќи 12 нови случаи во изминатиот ден, соопштија од Светската здравствена организација.
Надвор од Кина починал само еден пациент – 44 годишен маж од Филипините, со што вкупниот број на смртни случаи на светско рамниште е 1,017, надминувајќи ја бројката на луѓе кои во 2002-2003 година умреа од епидемијата на сличен вирус наречен САРС.
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување