ЦУ: Дополнително е подигнат степенот на проверка и контрола на секаков вид отпад
Царинската управа (ЦУ) дополнително го подигна степенот на проверка и контрола на секаков вид отпад и материи кои би можеле да го загрозат здравјето на граѓаните по најавите за истрага во соседството за увоз и согорување на опасен отпад од Италија.
– Согласно стратешките определби на Царинска управа во насока на безбедноста и здравјето на граѓаните, увозот и контролата на опасен отпад, како стока со ризик, секогаш е предмет на царинска контрола и во рамките на надлежностите на ЦУ истата се спроведува согласно законот. Тоа подразбира задолжително поседување на соодветна дозвола за увоз од надлежното Министерство, во случајов тоа е Министерство за животна средина и просторно планирање, велат од Царинската управа.
Согласно нивните податоци, посочуваат од ЦУ, компанијата „Блацион ДОО“ што се спомнува како увозник на опасен отпад во Бугарија не се појавува како испраќач во увозна царинска постапка во земјава.
– Вкупната количина на увезен отпад за изминатата година е 2.215 тони за кои што секој увозник уредно доставил дозвола издадена од соодветното министерство и при тоа не станува збор за увоз на опасен отпад, порачувааат од Царинската управа и додаваат дека во 2019 година само една компанија користела гориво од отпад.
Со цел утврдување на евентуални неправилности, прецизираат, Царинската управа во соработка со Министерството за внатрешни работи презема активности во насока на истражување на увозот на отпад.
– Овие активности продолжуваат во континуитет и со други надлежни институции, а за исходот од истите јавноста ќе биде навремено информирана, потенцираат од Царинската управа.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг