САД бараат поактивно вклучување на сојузниците на НАТО во борбата против ИД
САД побараа од сојузниците во НАТО поактивна поддршка за коалицијата предводена од САД за борба против Исламска држава во Ирак и во Сирија, изјави денеска американскиот државен секретар Џон Кери.
- Ги повикувамне сите сојузници на НАТО да ја засилат поддршката за борбата против ИД, за да може таа организација да биде нападната право во срцето во Ирак и во Сирија, изјави Кери по средбата на министрите за надворешнио работи на Алијансата во Брисел.
Тој побарал од колегите да ги зголемат напорите во борба против ИД во Ирак и во Сирија и во блокирањето на меѓународните мрежи. Кери побара помош при обука на полицијата, достава на муниција, медицински екипи и собирање на разузнавачки информации.
Државниот секретар на САД истакна дека низа страни веќе поактивно се вклучиле во борба против ИД или тоа наскоро ќе го направат, но не спомна конкретни нови ангажмани.
- Веќе е докажано дека ИД е закана, реалност во целиот свет, истакна Кери, карактеризирајќи ја групата како „криминална и нихилистичка организација“.
Германската Влада вчера одобри испраќање на војници и техника во Сирија, а Бундестаг денеска треба да изгласа испраќање на мисија. Во текот на денот и британскиот Парламент треба да гласа за воздушни напади врз цели на ИД во Сирија.
Кери за учеството на Русија во борбата против ИД наведе дека Москва треба да има исклучително конструтивна улога во Сирија.
- Очигледно Русија може да има исклучително конструтивна и важна улога за изнаоѓање на решение за таа криза и верувам дека светот ќе ја поздрави таквата соработка. Но, Русија може да придонесе и за решавање на конфликтот ако се насочена кон борбата против ИД и ако покаже дека е искрена кога вели дека ќе се придржува до ангажманите преземени во Женева за изнаоѓање на политичко решени ена сириската криза, посочи Кери.
Тој за поканата за членство на Црна Гора истакна дека проширувањето на Алијансата не е закана за Русија.
- НАТО не е закана за никого, тоа е одбранбена алијанса, средство за гарантирање на безбедност и тоа средство не е насочено кон Русија или кој било друг, наведе Кери.
Државниот секратар на САД потенцира и дека ирачката Влада целосно е информирана за американските планови за распоредување на специјални единици во Ирак и дека Вашингтон и Багдад се консултираат каде ќе бидат распоредени тие единици и за што ќе бидат задолжени.
Ново на Сител
-
Кај малолетник од Скопје пронајдени пиштол и куршуми
-
Николоски: Досега 34 километри од автопатот Кичево - Охрид се во активна употреба, двата аеродроми ќе бидат автопатски поврзани
-
Во Болницата во Кочани задржани се четворица пожарникари со полесни изгореници, осуммина се на Токсикологија во Скопје
-
Вашингтон се заканува со санкции, Колумбија уверува дека се бори против шверцот на кокаин
-
Украина соопшти дека го нападнала нафтоводот „Дружба“ во руската Брјанска област
-
Н1: Разрешен командантот на српската Специјална антитерористичка единица
-
ЦУК: Побарано воздушно дејствување врз пожарот во Липковско на страната од Скопска Црна Гора
-
Мицкоски: Нашата економија во вториот квартал забележа реален раст од 3,4 отсто и е меѓу петте земји во Европа по раст на БДП