НАТО Караванот денеска во Скопје и Битола
НАТО Караванот на Инфо центарот за евроатлантски интеграции денеска продолжува во Скопје и во Битола.
На Факултетот за безбедност во Скопје ќе биде оджана дебата со студенти на тема „Улогата на Република Македонија во НАТО: цели, предизвици и можности“, на која ќе говорат претседателот Стево пендаровски и амбасадорката на САД Кејт Мари Бернс.
Во Битола, пак, ќе биде одржана панел дискусија на тема „Безбедносни придобивки и предизвици за Македонија од членството во НАТО“.
На дебатата ќе говорат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и холандскиот амбасадор во С.Македонија, Дир Јан Коп.
Покрај панел-дискусијата, предвидени се и дебати за НАТО со средношколци и студенти во Битола.
Настаните што се одржуваат во рамки на НАТО Караванот кој поминува низ повеќе градови во земјава, им нудат можност на граѓаните да дознаат повеќе за процесот и важноста од евроатлантските интеграции на Република Македонија, како и улогата на Алијнсата во одржувањето на мирот и безбедноста на Балканот и пошироко.
Инфо-центарот за евроатлантски интеграции е проект спроведуван од страна на Граѓанската асоцијација МОСТ и е поддржан од Секторот за јавна дипломатија на НАТО, Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија, Британска амбасада Скопје и Министерството за надворешни работи на РМ.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг