Ердoган: Не сме загрижени поради санкциите
Анкара не е загрижена поради можните санкции и ќе ја продлжи операцијата „Извор на мирот“ во северна Сирија, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
– Нашата цел е јасна и не се грижиме поради можните санкции. Непријателските сили во Сирија многу брзо ги губат позициите. Нашата цел е да ги потиснеме терористите 32 километри од нашата граница, рече Ердоган.
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потпиша указ за воведување санкции против Турција во врска со воената операција во Сирија, соопшти државниот секретар Мајк Помпео.
– Претседателот Трамп го потпиша указот за да ја присили Турција да ја прекине својата воена офанзива во североисточна Сирија и да се согласи на примирије. Овој извршен указ на Министерството за финансии и на Стејт департментот им дава надлежности да ја разгледаат можноста за воведување санкции против физички лица, организации или лица поврзани со Владата на Турција и учесници во активности кои создаваат опасност за граѓаните или водат до натамошно поткопување на мирот, безбедноста и стабилноста во североисточна Сирија, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Собранието ја констатира оставката на претседателката на ДКСК Татјана Димитровска
-
Поништен тендерот за набавка на 120 електрични еколошки автобуси за јавен превоз
-
Привршува рокот за електронско пријавување за сместување во студентските домови
-
Претрес во Кочани, пронајден пиштол и марихуана
-
Директорка на училиште во Виница си ја вработила ќерката како професор по математика, иако немала соодветно образование
-
Активни седум пожари, три под контрола, пристигнува помош од Чешка и Словенија
-
Пленарна седница за интерпелацијата на јавниот обвинител Коцевски
-
Почнува судскиот процес за нападот врз скопската градоначалничка Данела Арсовска