Хелсиншки комитет: Поддршка за денешните протести за работнички права-aпел до институциите брзо да реагираат
Поранешните работници на фабриката „Охис“ денес, како и секој вторник и петок во изминатите 16 месеци, одржаа протест пред државните институции. На работниците сè уште не им се исплатени 24 плати кои им следуваат од работата во поранешното државно претпријатие „Охис” и покрај бројните средби одржани со претставници на Владата и институциите. Стечајците изнесоа барање од Владата да интервенира за да ги добијат своите плати додека маршираа од Собранието, до Министерството за правда, а од таму до Владата. Хелсиншкиот комитет за човекови права повикува на сериозна ангажираност од сите засегнати страни за решавање на проблемот во најбрз можен рок.
Од друга страна, протестен марш денес одржа и Синдикатот на културата за да го изрази незадоволството и разочарувањето од згазените социјални права на вработените во културата поради отсуството на општ колективен договор повеќе од 15 години. Протестот претставува аларм за Владата и Министерството за култура дека вработените во културата повеќе нема да толерираат газење на нивното достоинство и дека маршот е само вовед кон следните чекори во синдикалната борба за основни социјални права. Меѓународната организација на трудот (МОТ) и Комитетот за економски, социјални и културни права (КЕСКП) постојано ја потенцираат важноста на синдикатите за договарањето и заштитата на работничките права. Имајќи предвид дека колективното договарање се смета за клучна и неопходна алатка за формулирање соодветни политики за вработување и работа, Хелсиншкиот комитет ги повикува Владата и Министерството за култура да преземат итни чекори за да се обезбедат услови за колективен договор кој ќе стапи на сила најдоцна од 1 јануари 2020 година.
Хелсиншки комитет за човекови права
Ново на Сител
-
Британската Влада не ја сака Русија во Г7 додека трае војната во Украина
-
Трамп: Нема да дозволиме да се дојде до трета светска војна
-
Известувачот на Европскиот парламент Томас Вајц на средби во македонското Собрание
-
Предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител на денешната владина седница
-
Променливо облачно време со пораст на дневните температури
-
Трамп: Водам сериозни разговори со Путин за завршување на војната
-
Еурофарм Пелистер надмоќен во дербито со Алкалоид, победа со плус 13
-
Кривична против 4 лица поради несовесно работење во службата