Сѐ уште гори на Закинтос, пожарот нанесе штети на домови
Над 170 грчки пожарникари цела ноќ водеа битка со огнените јазици на островот Закинтос, а шумскиот пожар, речиси 24 часа подоцна, сѐ уште не е ставен под контрола, jави дописничката на МИА од Атина.
Во пожарот што изби вчера околу 11 часот во јужниот дел на грчкиот остров Закинтос, материјална штета претрпеа неколку куќи, а две села и еден хотел беа превентивно евакуирани.
Вчера беше многу опасна ситуацијата. Фронтот и понатаму е голем, над 10 километри, но во текот на ноќта имавме промена на правецот и сега ситуацијата е побезбедна, вели градоначалникот на Закинтос, Никитас Аретакис за грчкото радио „Тема“ и додава дека неколку домови претрпеа штета, а горат илјадници хектари шума.
Доцна синоќа на островот пристигнаа пожарникари од Солун, но и генералниот секретар за цивилна заштита, Никос Хараљас. Во справувањето со огнените јазици учествуваат 171 пожарникар со 52 возила, две специјални пожарникарски единици, девет пешадиски единици, два авиони и четири хеликоптери, а помагаат и 13 цистерни од општината.
Според грчката новинска агенција АНА-МПА, на плоштадот во едно од селата во близина на пожарот, кое што беше евакуирано вчера, се наоѓа координативниот центар, а генералниот секретар за цивилна заштита ги координира активностите на пожарникарите и инволвираните во гаснењето на пожарот.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата