Доцна синоќа изгаснат големиот шумски пожар над велешкото езеро „Младост“

Доцна синоќа, околу 22:30 часот изгаснат големиот шумски пожар над велешкото езеро „Младост“, во кој по 11 часа дивеење на огнената стихија од која постоеше опасност да се зафатат и околните населби, изгоре површина од 400 хектари од кои половината со борова шума и 200 хектари под сува трева.
Според информацијата од Територијалната противпожарна единица Велес, во пожарт изгорела една свињарска фарма и една викендичка. Огнот се приближил до населбата Отовица кај велешкото езеро „Младост“ но биле ископани ровови и поставена земја со што било спречено огнената стихија да се прошири кон куќите.
Во гаснење на огнот кој пламнал околу 11:40 минути од правец на Скопје, а кој брзо се префрлил кон велешкото езеро „Младост“ и ја зафати боровата шума, освен ТППЕ од Велес се вклучиле и пожарникари од Неготино, Свети Николе, Штип, Кавадарци и Скопје, припадници на АРМ, вработени во ЈП „Македонски шуми“ и ЈКП „Дервен“, а од воздух се гаснеше со два авиони на ДЗС и еден хеликоптер на АРМ. Поради сериозноста од ширење на пожарот бил вклучен и противпожарниот воз на ЈП „Македонски железници“ кој најизменично гаснел на двете страни од пругата. Од Јавното претпријатие информираат дека поради пожарот не сообраќал возот Велес-Кочани, а нема да сообраќа ни утринскиот бидејќи изгорени се и стотина прага од железничката пруга на оваа делница
Метеријалната штета е голема, но голема е и штетата по животната средина. Околина на велешкото езеро „Младост“ е омилено рекреативно место на велешани и многубројни домашни и странски туристи. Експертите посочуваат дека последиците се големи и ќе треба да поминат многу години за боровата шума која пред 50 години доброволно ја засадија велешани повторно да се ревитализира.
Полицијата синоќа приведе четворица лица кои работеле со електричен алат под сомнение дека го предизвикале пожарот од искри на сува трева, кој брзо се прошири и зафати голема површина.
Ново на Сител
-

Исчезнат скопјанец најден мртов, до него пронајден пиштол
-

Поевтинуваат бензините, дизелот останува со иста цена
-

Бојчевиќ: Исказот на Јовановски е манипулација за избегнување одговорност, судењето продолжува со изведување докази
-

Врачени благодарници на грчките болници, кои ги лекуваа повредените од трагедијата во Кочани
-

Црногорскиот претседател Милатовиќ во официјална посета на земјава
-

Обвинителство: Заврши увидот во Росоман каде син уби мајка, издадена наредба за обдукција
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје
-

Трамп: Никој во историјата не ја заслужува Нобеловата награда за мир повеќе од мене
