Талибанците тврдат дека се надминати сите разлики со Американците за нивно повлекување од Авганистан

САД и талибанците ги разрешиле сите разлики во мировните преговори за повлекување на американските војници од Авганистан, како и за гаранциите на бунтoвниците дека ќе ги прекинат сите врски со останатите екстремистички групи, соопшти денеска официјален претставник на талибанците, пренесоа американските војници.
Напредокот во преговорите е постигнат во изминатите два дена на преговорите во Катар, арапската држава во која талибанците имаат своја политичка канцеларија.
Американците не потврдија веднаш, ниту дадоа детали за тоа кои разлики се надминати во преговорите, но американскиот посредник во преговорите информира за „сјаен напредок“ во разговорите. Талибанскиот претставник, кој побарал анонимност, не сакал да зборува за детали за преговорите бидејќи не бил овластен за тоа.
Техничките тимови на двете страни денеска во Доха ги продолжија преговорите.
Американскиот посредник Залмај Кализад, кој е задолжен за изнаоѓање мировно решение на речиси 18-годишната војна, меѓуавганистанскиот дијалог и трајното примирје ги направи приоритетни во преговорите.
Разговорите во Катар, сепак, на маргините ја потисна владата во Кабул. Талибанците одбиваат директни разговори со владините претставници, обвинувајќи ја админстрацијата на претседателот Ашраф Гани дека е марионета на САД.
Талибанците го задржаа ритамот на речиси секојдневни напади и покрај тоа што оддржаа неколку круга мировни преговори со Кализад од неговото именување за посредник, пред речиси една година. Талибанците во моментов контролираат речиси една половина од Авагнистан и се најсилни од 2001 година, кога со инвазија на американската војска беше симнат нивниот стравиче режием што, исто така, му даваше и засолниште на лидерот на Ал Каеда, Осама бин Ладен.
Кализад изјави дека се надева на постигнување договор до 1 септември, врз основа на кој ќе се овозможи повлекување на американските и војниците на НАТО. Повеќе од 20.000 американски и НАТО војници се наоѓаат во Авганистан, од кои 14.000 се американски.
САД и НАТО официјално во 2014 година ја завршија својата воена мисија во оваа земја, но американските и сојузничките војници продолжија да обучуваат и да ја градат авганистанската војска.
Ново на Сител
-

Сопственик на фирма од кавадаречко оштетен за 80 илјади денари, измамен преку хакирана електронска пошта
-

Патничка повредена при судир на автомобил и автобус кај Струга
-

Во Струга приведен крадец баран за затворска казна од три години
-

Поетот Севдаил Демири и писателот Ресул Шабани добитници на државната награда „22 Ноември“ за 2025 година
-

Штети и проблеми од невремето во западна Грција и на островот Крф
-

ЦУК: Од обилните дождови поплавени домови, земјоделски површини и патишта
-

Приведени возачи од Штип, Кочани, Прилеп и Крива Паланка, возеле пијани и предизвикале сообраќајни несреќи
-

Уапсен Аца Лукас синоќа за време на концерт во Кавадарци
