ОЈО: Притвор за лицето кое изврши кражба на возило и нападна тројца полицајци

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 29-годишен скопјанец поради основано сомнение дека ги сторил кривичните дела – Тешка кражба од член 236 став 2 и Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста по член 383 став 2 во врска со став 1, како и за истото кривично дело по став 1 од Кривичниот законик, а судија на пртходна постапка му одреди притвор од 30 дена.
Како што информираат од ОЈО, осомничениот вчера во 22:15 часот наспроти ТЦ „Мавровка“ во Скопје, ги забележал двете лица, оштетениот и неговата сопруга, како го паркираат нивното возилото марка „БМВ ИКС 5“ по што се оддалечуваат. Во тој момент, осомничениот со погоден предмет – калауз ја отклучил заклучената врата на возилото и заедно со уште едно засега непознато женско лице го стартувал возилото и започнал да се движи. Кога сторителот со возилото се приближил до првата крстосница бил забележан од сопственикот на возилото. Оштетените започнале да трчаат по возилото, го престигнале и се обиделе да го сопрат осомничениот. Но и покрај обидите и вклученото црвено светло на семафорот, осомничениот продолжил со возилото во непознат правец.
-По пријава на кривичниот настан, полицијата веднаш презела мерки за пронаоѓање на возилото. Откако имале сознание дека осомничениот заедно со украденото возило се наоѓа во населбата Маџари, двајца полициски службеници со службено возило се упатиле кон него. Го пресретнале и се обиделе да го попречат натамошното движење. Во акцијата се придружило и трето службено лице полицаец. Но и покрај дејствијата преземени од полициските службеници, осомничениот со возилото во движење удрил во полициско возило, за потоа и физички со опасно орудие – боксирач со бодеж, да ги нападне тројцата полицајци и им нанесе телесни повреди. Во полициската акција, осомничениот бил совладан и приведен со цел обезбедување на натамошниот тек на кривичната постапка, соопшти ОЈО.
Надлежниот јавен обвинител заедно со Наредба за спроведување истражна постапка, се вели во соопштението, до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување на мерката притвор за осомничениот бидејќи ценеше дека постојат опасности од бегство, дека е можно осомничениот да го повтори кривичното дело, како и дека постои оправдан страв дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоци.
Предлогот на јавниот обвинител беше прифатен од судија на претходна постапка кој со Решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-

Околу половина час се чека за излез од државата на премините „Дојран“ и „Табановце“, ГП Евзони блокиран за сообраќај
-

Орбан со честитки до ВМРО-ДПМНЕ: По години опозиција, денес сте една од најуспешните политички партии во Европа
-

Мицкоски за спорот со Бугарија: Мора да постигнеме решение кое ќе спречи идни предавства од некој нов трговец од Горни Милановац или хирург од Дубаи
-

Мицкоски: Не добив само реизбор, денес победи идејата за патот што го трасираме за Македонија
-

Христијан Мицкоски реизбран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ
-

Лишени од слобода крадци од Гостивар и гостиварско
-

26-годишен гостиварчанец со „јагуар“ удрил пешак и тешко го повредил
-

Мицкоски: Македонија влегува во деценија на зрелост, наша мисија е да покажеме дека државата ќе успее
