Општина Тетово реконструираше уште една улица во Мала Речица оштетена во поплавите
Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи денеска во Голема Речица присуствуваше на пуштање во употреба на улица кај амбулантата во ова село, која беше една од најоштетените од поплавите во 2015 година. Целосната реконструкција на улицата е направена со средства од буџетот на општина Тетово во вкупна вредност од 4,5 милиони денари.
-По целосната должина се поставени се бекатон плочки, вкупно 2500 метри квадратни, со паралелно поставување на канделабри и подземна инсталација на електрични кабли и водоводна мрежа. Исто така е поставена и урбана опрема со уредени тротоари и зелени површини .Ова е дел од неколкуте проекти кои се завршуваат во ова село кое беше едно од местата кои за време на поплавите во полошкиот регион најмногу страдаше, изјави Теута Арифи.
Претходно на почетокот на месецот градоначалничката изврши увид по завршувањето на реконструкцијата на улицата во тетовска Мала Речица која води од гробиштата до шумскиот предел во должина од 250 метри, која исто така беше уништена во поплавите од 2015 година.
Ново на Сител
-
Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење
-
Полицаец во Тетово одавал службени тајни за акции и контроли на вработен во казино
-
Димитриоска Кочоска: За нула евра сме ја задолжиле државата
-
Министерството за финансии денес или утре ќе пушти писма до банките за финансирање на брзата пруга од Коридорот 10
-
Левица предлага шестчасовно работно време, без намалување на платите
-
Грчката полиција уапси навивачи вмешани во трговија со дрога
-
Шведски тим од волонтери почна програма за поддршка по трагедијата во клубот „Пулс“ во Кочани
-
Ребалансот на буџетот на владина седница најверојатно во четврток