Македонско - грчки бизнис форум
Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), еден месец по одржување на првиот грчко-македонски бизнис форум во Солун, денеска организира бизнис форум во Скопје. Во фокусот ќе бидат трговијата и заедничките инвестиции.
На бизнис форумот на кој ќе присуствува делегација на стопанственици од двете земји од повеќе сектори, поздравно обраќање ќе имаат претседателот на ССК, Данела Арсовска, претседателот на Грчката интернационална бизнис асоцијација, Киријакос Луфакис, како и Дејвид Филипс, професор од Универзитетот Колумбија во САД. Најавено е присуство и на градоначалниот на Солун, Јанис Бутарис.
Целта на втората средба е дополнително зацврстување на деловните релации меѓу двете земји, конкретна соработка на компаниите, а ќе биде потпишан и меморандум за соработката меѓу двете комори. Грчката интернационална бизнис асоцијација ќе ја презентира студијата за можностите за трговија и заеднички инвестиции со компаниите од Република Македонија во која дополнително се елаборирани секторите транспорт, градежништво, туризам, агро - индустрија и потенцијалите за зацврстување на бизнис соработката.
Надворешно-трговската размена на Република Македонија со Република Грција е значајна од аспект на вкупната надворешно-трговска размена, посебно имајќи предвид дека Грција континуирано се наоѓа меѓу петте најзначајни наши надворешно-трговски партнери.
Ново на Сител
-
Европски Куп на ЕХФ: Алкалоид го совлада Рунар во првиот полуфинален натпревар
-
МВР со детали за сообраќајката кај Зелениково
-
Тешко повреден 14-годишен мотоциклист во Велес
-
Студентите во блокада остануваат пред РТС до исполнување на нивните барања, за власта тоа е незаконски начин
-
Хамилтон: Знам дека фановите на Ферари не се задоволни од мене
-
Гаши: Останувам во коалицијата „Влен“
-
Песков: Путин не дал никаква наредба за продолжување на велигденскиот прекин на огнот
-
Воз удри во автомобил на железничкиот премин кај Зелениково