Една милијарда евра на сметките на над 490 илјади членови во приватните пензиски друштва
Во текот на минатата година во пензиските друштва од вториот пензиски столб имало 490.035 членови, на просечна возраст од 35 години. До крајот на минатата година во друштвата се акумулирани околу една милијарда евра, покажуваат податоците од Годишниот извештај на Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување – МАПАС за 2018 година.
Тие, како што појасни претседателот на Советот на експерти на МАПАС, Максут Али, средствата најчесто во 57 отсто од случаите ги инвестираат во хартии од вредност, во депозити 11 отсто и во акции три отсто. Во странство се инвестирале шест отсто и тоа во акции, а 21 отсто во удели во инвестициски фондови.
– Од вториот пензиски столб во 2018 година се исплатени 314 пензии и исплати за членовите во втор столб, во најголем дел за остварено право на семејна пензија поради починат член на семејство или инвалидски пензии. Само за мал број членови била остваена старосна пензија преку вториот столб, преку програмирани повлекувања, рече Али.
Тој додаде дека во текот на минатата година вредноста на средствата во доброволниот пензиски столб била 25 милиони евра на сметките на вкупно 24.388 членови.
Лани била остварена 281 исплата на надоместок од третиот столб, во најголем дел поради старост и во најголем дел како еднократни исплати.
Ново на Сител
-
Постапки против дилери на марихуана во Велес и во Скопје
-
Втора ноќ по ред неидентификувани дронови надлетуваа над воените бази во Данска
-
Претставен Меморијалниот парк во Тетово во спомен на загинатите во модуларната болница | ВИДЕО
-
Поранешен кинески министер за земјоделство осуден на смрт поради корупција
-
Г.г. Стефан: Со изградбата на „Свети Константин и Елена“ се надминавме себе си
-
Романец со сила одзел златен ланец на лице во Ѓорче Петров
-
Кривична против 28-годишен скопјанец, в затвор му нашле марихуана
-
Го прекинале кабелот кој водел до електричното броило и направиле штета на ЕВН од 1.377.911 денари - кривична за две лица