Влада: Јавниот долг на крајот на 2018 година 48,5 отсто од БДП

Јавниот долг на државата на крајот на 2018 година изнесува. 5.202,2 милиони евра и претставува 48,5 отсто во однос на БДП, додека државниот долг на Република Северна Македонија на крајот на 2018 година изнесува 4.344,4 милиони евра односно 40,5 посто во однос на БДП.
Ова, како што соопшти владината прес-служба, е наведено во Годишниот извештај Годишниот извештај за управување со јавниот долг на Република Северна Македонија за 2018 година што го усвои Владата на денешната седница и согласно член 27 од Законот за јавен долг треба да го достави до Собранието на Република Северна Македонија.
– Јавниот долг на Република Северна Македонија на крајот на 2018 година изнесува 5.202,2 милиони евра што претставува 48,5 отсто во однос на БДП. Државниот долг на Република Северна Македонија на крајот на 2018 година изнесува 4.344,4 милиони евра односно 40,5 отсто во однос на БДП. Со ова ниво на државен долг, Република Северна Македонија и понатаму останува умерено задолжена земја со државен долг кој е далеку понизок од просечното ниво на долг на земјите на ЕУ, кој на крајот на 2018 година изнесува 80,8 отсто, се наведува во соопштението од владината прес-служба.
Оттаму велат дека годишниот извештај за управувањето со јавниот долг има за цел поблиску и на редовна основа да ги информира Владата и Собранието на Република Северна Македонија и да ја запознае јавноста со карактеристиките на должничкото портфолио на Република Северна Македонија, како и со преземените мерки за негово ефикасно управување во текот на минатата година.
Ново на Сител
-

Неколку експлозии во Ерусалим по предупредувањето за ракети испукани од Иран
-

Иран му одговори на Трамп со најава за напад врз постројките за десалинизација во регионот
-

АХВ не дозволи влез на 50 тони небезбедна храна на македонскиот пазар
-

Трамп му се закани на Иран со напади врз електраните ако блокадата на Ормуската Теснина не се укине во рок од 48 часа
-

Владата на седница ќе донесе мерки за ублажување на ценовниот скок на горивата
-

За околу 20 проценти зголемен бројот на корисници на интернет преку оптичка мрежа
-

Месечно на мобилен 105 повика и 3,8 часа разговор
-

УХМР ќе го одбележи Светскиот ден на водите
