Оваа дрога ја користат џихадистите: Ја земаат пред напад а потоа...

Француската полиција која сеуште трага по двајца од напаѓачите кои на Петок 13-ти во Франција направија хорор, откри дека главниот мозок на операцијата која го потресе светот, Салах Абдеслам, неколку дена пред нападот изнајмил две соби во хотел во близина на Париз, кој нема сигурносни камери, а сметката ја платил со личната кредитна картичка.
Тој побарал две соби во кои можат да останат повеќе лица. Истрагата со помош на ДНК анализата открила дека Абдеслам се наоѓал во хотелот, а внатре се пронајдени остатоци од пица, чоколади, шприцеви, игли и дрога. Се смета дека пред нападот користеле кокаин или хероин. Истата дрога пронајдена во организмот на терористите кои го направија хоророт на плажа во Тунис, била истата која ја имале во себе и овие џихадисти кои го направија најкрвавиот напад во Франција од Втората светска наваму. Се смета дека таа е доста популарна кај Исламистите и дека ја конзумираат пред напади. Се работи за Captagon, Fenetilin, кои припаѓаат во групата Амфетамини.
овој тип на дрога најмногу се користи во светот на велосипедизмот, а во 1960 година од страна на научниците било докажано дека Captagon во умерени дози ја подобрува концентрацијата и лечи нарколексија, а создава и хиперактивност. Оваа супстанца на листата лекови се наоѓа од 1986 година.
Биохемичарот Жан Пол Тасуни, вели дека Амфетаминот на личностите делува така што прво им пружа чувство на самодоверба, можност да направат се, па поради тоа кога личноста го употребува се чувствува како да е крал на светот, а поради него луѓето стануваат и насилни, имаат тежок замор, психози, и брзо го менуваат однесувањето од јака еуфорија, до тешка депресија.
Првобитно почнал да се произведува во Либан во 2011 година, а потоа Captagon се преселил во Сирија, најголемото гнездо на џихадисти. Чини од пет до 20 долари по таблета. Најчесто се разменува со оружје кајИсламистите.
Ново на Сител
-

УХМР: Утре променливо облачно со дожд, на повисоките места снег
-

Приведени шест возачи, управувале возила иако имаат мерка „забрана за управување моторно возило“
-

Мицкоски: Постигнат е договор, околу 11 000 административци ќе земат покачување на платите од скоро 40 отсто до 2028 година
-

Во угостителски објект во Скопје на подрачјето на Центар се точел алкохол на малолетници, приведено едно лице
-

10 возачи управувале возила без возачка дозвола, ќе им бидат поднесени кривични пријави
-

Зеленски ја потпиша одлуката за нови санкции против рускиот воено-индустриски комплекс
-

Мицкоски: Направивме храбар, историски чекор, очекувам администрацијата да ги подобри услугите кон граѓаните и бизнисот
-

Николоски: Институциите ќе започнат постапка за конфискација на нелегално изградениот објект на спортскиот аеродром Стенковец
