ВМРО-ДПМНЕ: Економијата во Македонија секој ден тоне се повеќе
Економијата во Македонија секој ден тоне се повеќе. Економијата откако СДСМ е на власт не блеска.
Лагите на Зоран Заев не го полнат буџетот на државата.
Со лагите на Зоран Заев не може да се сокрие фактот дека во Македонија има над 500.000 граѓани кои живеат под прагот на егзистенцијата.
Со лагите на Заев буџетот на државата не се полни. Само во последните 5 месеци направија дупка од 3 милијарди денари од несобрани даноци.
Задолжувањето секој ден се повеќе расте, a реализацијата на капиталните инвестиции за првите четири месеци од оваа година е под 10 проценти.
На ова економско цунами мора да му се стави крај. Времето на ова влада забрзано истекува, доаѓа времето на реални проекти, економски прогрес и нова Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Вучиќ: Ќе бараме кривично правна одговорност за насилничкото однесување на опозицијата
-
Едно лице загина, а две се тешко повредени на автопатот Тетово - Гостивар
-
Зеленски е подготвен да го потпише договорот за минерали и безбедност со САД под силно водство на претседателот Трамп
-
Мемеди: Во стабилна состојба детето затруено со таблети, продолжува неговата опсервација
-
Сообраќајка на автопатот Тетово - Гостивар, возилата се пренасочуваат
-
Петгодишно дете се затруло со таблети во Делчевско
-
За 4.000 евра дала на посвојување новородено бебе - кривична и притвор за жена од Куманово и уште четири лица
-
46-годишна жена измамена за 600 евра