Живот
17. November 2015 - 10:17

Целиот Балкан во шок: Откриена голема измама во Големиот брат!

Изгледа дека е залудно гласањето кога веќе се знае победникот во реалното шоу Големиот брат. Раде Васиќ сакаше да и објасни на Мирјана зошто не треба да троши пари од главната награда.
 
- Јас тие пари нема да ги земам, парите одат кај Гиба кај него обрати се, - изјави Раде и логично започна приказната дека шоуто е наместено.
 
Продукцијата експресно реагираше, па камерите се префрлија на останатите станари. Оваа изјава го шокираше целиот регион, а што ќе кажат од продукцијата останува да видиме.