МВР: Регистрирани два случаи на фотографирање гласачко ливче

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека до овој момент се регистрирани два случаи на фотографирање гласачко ливче, а нема регистрирано нарушување на јавниот ред и мир во текот на гласањето.
– Во 9 часот и 5 минути на гласачко место во градинката „Лале срничка“ во Општина Аеродром претседателот на Избирачкиот одбор го забележал лицето Р. Ѓ. (36) како со мобилен телефон го фотографирал гласачкото ливче. Р.Ѓ. е приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, посочи Билјана Милевска од Одделот за односи со јавност.
Посочи дека во 11 часот и 40 минути на гласачко место 1515 во село Обршани лицето К.П. со мобилен телефон го фотографирал гласачкото ливче, наведувајќи дека од страна на полициски службеници се преземаат мерки за расчистување на случајот.
– Утрово во 6 часот и 11 минути во СВР Скопје било пријавено дека на гласачко место во ОУ „Дрита“ во село Рашче била оштетена влезната врата, но Изборната комисија констатирала дека нема проблеми со избирачкиот материјал и гласањето започнало во предвиденото време без проблеми, нагласи Милевска.
Таа апелираше до сите граѓани на мирен и достоинствен начин да го искористат своето гласачко право.
Ново на Сител
-

Србинка која изнајмувала стан во Центар физички и полово нападната од сопственикот на станот
-

Во Струмица, при сообраќајна несреќа тешко повреден 16-годишен мотоциклист
-

Бела прашкаста материја и марихуана пронајдени во испратен пакет за осуденик од КПУ „Идризово“
-

ЧетГПТ помогнал во создавање револуционерен третман за рак
-

Орбан: Ако Европа не ја поддржуваше Украина, веќе ќе имаше мировни преговори
-

Сопругата на Андреј од ДНК: „Најдолгата година“
-

Седлоски: Против Данска треба да одиграме храбро, нема што да изгубиме
-

Уапсен кавадарчанец, во два наврати е затекнат како управува мопед и возило без дозвола
