-->
-->
Повредена старица во Скопје додека се симнувала од автобус
-->
Осумдесетгодишна старица од Скопје се здобила со повреди откако паднала при симнување од автобус.
Во СВР-Скопје вчера во 15:30 часот било пријавено дека на улицата „11 Октомври“, спроти Зелен пазар, Ѓ.Ј.(80) од Скопје паднала додека се симнувала од автобус на ЈСП, управуван од Ж.К.(58) од Скопје.
Според пријавата на Ѓ.Ј., автобусот тргнал додека таа се симнувала. На Ѓ.Ј. и била укажана помош во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, каде и биле констатирани повреди и по укажаната помош била пуштена на домашно лекување.
Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трудо: Ќе бидеме со Украина, колку што е потребно, со сè што е потребно
-
Најави за зголемување на расходите за одбраната и повторно вооружување на Европа
-
Македонските каратистки балкански првенки во кати
-
„Блу гоуст“ слета на Месечината
-
Стармер: На Самитот во Лондон договорени четири клучни чекори
-
Маската „Танц на ангелите“ најдoбрa на Прилепскиот карневал
-
Приведени двајца охриѓани, при претрес на возилото пронашле дрога
-
Стармер: Мировен исход за Украина би бил клучен и за стабилноста на Европа