Посета на Адеми на Кралството Данска и Кралството Шведска
Министерот задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми, во придружба на директорот на Агенцијата за иселеништво, Никола Шалваринов, од денеска до 19 февруари ќе престојува во официјална посета на Кралството Данска и Кралството Шведска.
– За време на посетата, министерот Адеми ќе има средби со претставниците на дијаспората од Република Северна Македонија во Данска, а посебно ќе реализира и средба со бизнисмени од редовите на нашата дијаспора во Данска, при што ќе ги презентира и последните услови за финасиската помош што Владата ја нуди за нашата дијаспора. Дополнително министерот ќе се сретне и со претставници од дијсапората која живее во Малмо, Шведска. Во Малмо меѓудругото ќе се реализира и презентација и јавна дебата за Националната стратегија на Република Северна Македонија за сорбаотка со Дијаспората, соопшти кабинетот на министерот Адеми.
Покрај средбите со дијаспората, министерот Адеми ќе оствари билатерални средби и со данскиот министер за имиграција, интеграција и домување, Ингер Стојберг, како и средба со заменик-шефот на Одделот за европско соседство во министерството за надворшени работи на Данска, Алан Пег Кристенсен.
Фокусот на средбите со соговорниците, ќе биде ставен на можностите за соработка во разни обласи во интерес на унапредувањето на положбата на нашата дијаспора и нивна инклузивност во економскиот, политичкиот, социјалниот и културниот живот во Данска.
Дополнително, на средбите со своите соговорници, министерот Адеми ќе разговара и за билатералната соработка и натамошното унапредување на односите во сите области од заемен интерес, како и за актуелните полтички случувања во нашата земја.
Ново на Сител
-
42-годишен кавадарчанец ограбил 11 куќи и викендици за пет месеци
-
Полицаец од Матејче крадел струја за неговата чајџилница
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
Кошаркарската федерација ќе добие нов претседател
-
ПСЖ на чекор од финалето во Лигата на шампионите: Французите го победија Арсенал среде Лондон
-
Инзаги: Интер е во полуфиналето на ЛШ, па не би рекол дека сега сме во тежок период
-
Кацигата на Аиртон Сена продадена за рекордна цена на аукција
-
Тен Хаг или Чави би можеле да го заменат Чаби Алонсо во Баер