Свет
9. February 2019 - 21:12

Хаос на улиците во Париз: Избија нереди, гореа автомобили, а сите го сликаа запаленото порше

Повеќе илјади Жолти елеци денеска, 13. викенд по ред, присуствуваа на улиците на Париз, а некои од нив се судрија и со полицијата.

Еден демонстрант изгуби 4 прсти кога граната му ја разнесе дланката.

Исто така, неколку автомобили беа запалени. Посебно внимание привлече запаленото „порше“ од кое излегуваше розеникав чад.

Според наводите на Министерството за внатрешни работи, ширум Франција се собраа околу 12.000 учесници на протестите, меѓу кои и 4.000 имаше собрани во Париз.