Групацијата на бањи бара регулирање на статусот на бањите како природни лекувалишта
Групацијата на бањи при Стопанската комира на Македонија, денеска ќе поднесе иницијатива до Министерството за здравство со која бара да се регулира статусот на природните лекувалишта во рамки на важечкиот Закон за здравствена заштита.
Даниела Михајловска Василевска од Стопанската комора на Македонија појасни дека со новиот закон за здравствена заштита од 2012 година статусот на бањите не бил регулиран и тие не може да функционираат како здравствена организација што врши здравствена дејност и дава здравствена услуга, а ја вршеле својата дејност согласно склучени договори со Фондот за здравство за лекување и рехабилитација. Од 1 јануари 2019 четирите членки на Групацијата – Катлановска бања, Негорска бања, „Цар Самоил“ и Дебарска бања, функционираат според анекс на договорите за продолжено болничко лекување и специјалистичко-
Таа појасни дека во овој преоден период ќе треба да се најде решение како да се дефинираат законски бањите како природни лекувалишта, што е и целта на оваа иницијатива. Во 2017 вкупно 2.500 осигуреници го користеле правото на продолжено болничко лекување (кое вклучува претстој од 15 дена), а над 14.000 осигуреници користеле специјалистичка консултативна здравствена заштита.
-Во сите земји од регионот третманот на бањите како природни лекувалишта е дефиниран во Законот за здравствена заштита (Србија, ЦГ, БиХ, Хрватска). Нашиот предлог е конкретен бараме во два члена на Законот за здравствена заштита да се предвидат природните лекувалишта. Имено, во член 68 да се додаде нова алинеја во став еден која ќе гласи природни лекувалишта и во член 96 да се додадат два нови става со што ќе се предвиди што претствува природно лекувалиште, односно како треба да работи, рече Михајловска Василевска.
Таа додека дека ќе побараат и средба со министерот за здравство со цел да се појасни иницијативата и да се изнајде решение за нивните барања.
Следен чекор ќе биде покрената иницијатива за регулирање на природните бањи како туристички центри во законот за туристичка дејност. Михајловска Василевска подвлече дека во сите земји од регионот природните лекувалишта покрај како здравствени установи се користат и како значајни туристички центри (спа и велнес центри), поради тоа што овие природни лекувалишта користат природен фактор – минерални води за кои се плаќа соодветна концесија што е утврдена од надлежните органи.
Во моментов само оние бањи што во моментов се прилагодени на Законот за туристичка дејност пружаат и туристички услуги. Ова се смета за сериозен проблем што оневозможува овој сегмент на туристичка услуга да го нудите и да го развиваме.
Сите четири бањи од оваа групација вложуваат сериозни средства за развој на туристичкиот сектор од нивното работење. Капацитетот на Катлановска бања, Негорска бања, „Цар Самоил“ и Дебарска бања изнесува вкупно 1.040 кревети (во 458 соби). Во единесет месеци од 2018 година реализирани се 101.000 ноќевања и 12.562 туристички ноќевања.
Ново на Сител
-
Македонија поразена од фаворитот Франција во Вараждин
-
Унгарија посилна од Катар, Македонија нема да игра четвртфинале
-
Поради магла откажани дел од летовите на Скопскиот аеродром
-
Вучиќ повика на објавување на документацијата за Железничката станица во Нови Сад која ја бара Градежниот факултет
-
Фицо: Се подготвува список на луѓе кои ќе бидат протерани од Словачка во врска со обидот за државен удар
-
Со пиштол на дијаболи повредено девојче во скопско училиште
-
Лишени од слобода двајца полициски службеници поради оддавање на службена тајна | ФОТО
-
Да нема преименување на градските улици, Сојуз на борците со отворено писмо до Касами