МВР: Набавката на патни и лични исправи е заради нивна редовна испорака за граѓаните
Министерството за внатрешни работи ги демантира тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека има неправилности при набавката на бланко обрасци за патните исправи и вели дека станува збор за редовна испорака на патни и лични исправи за граѓаните со цел да се обезбеди нивно непречено издавање.
-Вистината е дека Министерството за внатрешни работи ги презема сите неопходни мерки за да се обезбеди непречено издавање на патни исправи на граѓаните, а политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, како и многу пати до сега, ја лаже јавноста во обид да добие некакви политички поени, соопшти МВР.
Во соопштението се посочува дека во тек е испорака на бланко обрасци за патни исправи и таа е во согласност со Анексот на Договорот за изработка на патни исправи и лични документи склучен во 2017 година, каде е утврдена количината на обрасци што треба да бидат испорачани за 2018 и 2019 година.
-Станува збор за редовна испорака, вообичаена како и секогаш до сега, со цел да се обезбеди навремена испорака на патни и лични исправи за граѓаните. МВР има задача да обезбеди патни исправи за граѓаните и постапува токму според своите надлежности. Согласно законските процедури, доколку бидат изгласани уставните измени во периодот што следува, потребен е временски период за менување на процедурите и законските промени, како и за стапување во сила на измените. Во меѓувреме, патни исправи мора да се издаваат непречено, односно да се одговори на барањата на граѓаните, потенцираат од МВР.
Количината на пристигнати обрасци, посочуваат, е соодветна на предвидената динамика на потрошувачката од претходните години и е во согласност со преземените договорни обврски.
Ново на Сител
-
Родители во Велика Британија поднесоа тужба против ТикТок поради податоци за починати деца
-
Македонија со пораз од Естонија остана без пласман на Европското кошаркарско првенство
-
Доктор: Животот на папата Франциск не е во опасност, тој е добро расположен
-
Украинските војници не сметаат дека наскоро ќе има крај на војната
-
Полицаец се самозастрела во Скопје
-
47-годишен турчин измамен во Штип за сума од 3.550 евра
-
Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата
-
Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија