Поддршка од Турција за членството на Македонија во ЕУ и НАТО
Недвосмислена поддршка на патот на Македонија кон членство во НАТО и ЕУ искажа денеска високата труска делегација која е во посета на земјава по повод Денот на наставата на турски јазик.
Делгацијата во чиј состав се портпаролот на претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, Ибрахим Калин, советникот за Западен Балкан на претседателот Ердоган, Сабри Демири, амбасадорката на Република Турција во Република Македонија, Тулин Еркан Кара, претседателот на организацијата ТИКА, Сердар Чам, се сретна со со националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски, заменик министерот за образование, Петар Атанасов и пратеникот Мухамед Зекири.
Калин истакна и дека е голем интересот на турските бизнисмени да инвестираат во Македонија, што е придонес на Турската бизнис заедница кон економско зајакнување на Република Македонија.
-Македонија е многу важна држава за Република Турција и за турскиот народ, посебно затоа што многу големи личности во Турската историја потекнуваат од овие простори, меѓу кои и авторот на химната на Република Турција и голем број на пратеници во турскиот парламент, рече портпаролот Ибрахим Калин.
Пендаровски истакна дека Република Македонија од почетокот на своите аспирации за членство во НАТО во Република Турција има не само сојузник, туку и верен пријател со кој ќе продолжи да ја одржува соработката и по влезот на Македонија во НАТО алијансата.
Заменик министерот Атанасов, осврнувајќи се на мултикултурниот карактер на Република Македонија, пред гостите ја изложи непоколебливоста на Владата и премиерот Заев за афирмирање на мултикултурноста како вистинска вредност на едно општество за сите граѓани на Република Македонија, а во таа заложба турската заедница во Македонија е од исклучителна важност преку своите придонеси во целокупното општествено живеење.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата