Владата ги задолжи државните институции да реализираат еколошки акции
Владата ги задолжила министерствата, органите во состав на министерствата и самостојните органи на државната управа до крајот на годинава и во текот на јануари и февруари 2019-та година да спроведат најмалку по една акција со којашто ќе придонесат во борбата против аерозагадувањето, како и за заштита на животната средина.
Одлуката е донесена на петочмата владина 109-тата седница, а задолжените институции ваквите еколошки акции треба да ги спроведат во координација со Министерството за животна средина и просторно планирање, со локалните самоуправи, како и со граѓанските организации, и за тоа да ја информираат јавноста соодветно.
Препорака за вакви еко акции Владата упати до единиците на локалната самоуправа, додека на јавните претпријатија, правните лица со јавни овластувања и на акционерските друштва во државна сопственост, Владата им укажа да реализираат активности со коишто ќе придонесат кон намалување на загадувањето на воздухот.
По евалуацијата на остварените резултати, во февруари следната година повторно ќе бидат упатени вакви задолжувања и препораки, за пролетниот период.
Оваа одлука на Владата, како што се наведува во соопштението, претставува дополнителна поддршка во спроведувањето на мерките предвидени со Планот за чист воздух, којшто е усвоен како стратешки приоритет во работењето на владата.
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава