Завршија истражувањата на неолитската населба кај селото Костурино
Завршија годинашните истражувања на Неолитска населба од средниот неолит, стара над 7.500 години, во близина на селото Костурино, кај Струмица.
Истражувањата почнаа на почетокот на октомври и според археологот Зоран Рујак од НУ „Завод и Музеј Струмица“ целосно е истражен објектот лоциран на локалитетот Орниче.
-Објектот е од средниот неолит и засега е најстар објект во југоисточниот дел на Република Македонија. Има блиски аналогии со објект кај селото Дамјан, Радовишко и се работи за локалитет кој е за малку постар. Тука се работи за објект со димензии од 9х6 метри и станува збор за класичен објект од средниот неолит со сите постројки внатре, со печки, со огништа, со места каде се мелело житото, места каде практично живееле луѓето од времето на неолитот, вели археологот Рујак.
Додава дека се откриени и други објекти, кои се култни и во нив се вршени одредени религиски и култни активности. Досегашните истражувања укажуваат дека тогашната земјоделско-сточарска заедница е една од поинтересните во Република Македонија.
На локалитетот покрај садова керамика се појавиле и други интересни предмети. Пронајден е жртвеник со претстава на змија и претстава на око и се работи за симболи кои се користени во времето на неолитот.
Директорот на „Завод и Музеј Струмица“, Ацо Манински информираше дека археолозите работеле на овој и на локалитетот Римска Терма во Бања Банско. Тој побара да се обезбедат повеќе средства за истражувањата од областа на историјата и археологијата и тоа не само во регионот туку и пошироко.
Членот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов го најави и проектот за комплетна конзервација, реконструкција и реставрација на локалитетот Цареви кули во наредната година. За овој проект oпштината обезбеди донација од околу еден милион евра, со што се очекува комплетно завршување на бедемите на локалитетот и подобрувањето на пристапноста до него.
Годинешната кампања на локалитетот Орниче е поддржана од Министерството за култура.
Истражувањата се очекува да продолжат идната година со обемни недеструктувни истражувања со помош на магнетометар, односно геомагнетни истражувања и врз основа на тие резулатите ќе се продолжи со натамошните систематски истражувања.
Ново на Сител
-

СП2026: ФИФА воведе дополнителна категорија влезници за најверните навивачи
-

Манчестер сити преку Брентфорд до полуфиналето на англискиот Лига куп
-

Виртус ја прекина серијата на Партизан
-

Герасимовски: Централата на училиштето „Киро Глигоров“ веќе носи пониски сметки, во 2026 нови фотоволтаици и во „Гоце Делчев“ и „Коле Неделковски“
-

Акција на МВР: Приведен Бујар Дарлишта и уште десетина лица за економски криминал
-

Ја искршил влезната врата на објектот и студиото, ги пцуел и се обидел да ги нападне, обвинение за упадот во Инфомакс
-

Орбан: Прашањето за заемот за репарации е затворено, целата идеја е глупава
-

Крај на телевизиската ера на Оскарите - од 2029 година ќе се емитуваат преку Јутјуб

