ЛШ: Вардар може да го победи Кјелце

Победа против Кјелце в сабота ќе ни ја донесе втората позиција во групата А во ЕХФ Лига на шампионите, па затоа и вардарци се острат за дуел со добро познат противник склон на провокации со најави дека од наша страна ќе гледаме смирена, но силно мотивирана игра. Со овој дуел Вардар ќе го заврши и првиот дел од сезоната во групната фаза од ЛШ.
За тренерот Роберто Гарсија Парондо ова е последниот натпревар во 2018 година од ЛШ, а и двете екипи ќе играат за пласман на втората позиција.
„Против Кјелце ќе го одиграме последниот меч за годинава. Тие сезонава играат одлично. Играат многу брз ракомет, добра одбрана и имаат одлични ракометари. Ќе се обидеме да се подготвиме максимално. Најважно за нас е да играме 60 минути добар ракомет. Ако го направиме тоа ќе имаме големи шанси. Нашиот проблем досега беше што имавме 5-10 минути во коишто паѓавме. Мислам дека на никого не му треба посебна мотивација за овој меч. Сакаме да победиме на домашен терен и мечот може да биде многу важен за нас зашто со тие два бода ќе ја освоиме втората позиција ", рече Парондо.
На првиот меч, Кјелце на домашен терен победи со 31-27. За капитенот на екипата Стојанче Стоилов искуството од гостинскиот терен ќе ни помогне да одиграме натпревар со смирени емоции и интензивна игра.
„Не очекува тежок натпревар против тежок противник со одлични ракометари. Играме дома и за нас и за целокупната јавност ќе биде навистина убаво да победиме. Многу сакаме да ја завршиме годината во Лигата на шампионите со победа и се надевам дека ќе успееме да го направиме тоа. Келце е познат по провокации особено нивниот тренер. Се надевам дека нема да подлегнеме на нив. Наше е да излеземе на терен, да дадеме сè од себе и да победиме", рече Стоилов.
Мечот во СЦ „Јане Сандански" в сабота почнува од 17.30 часот.
Ново на Сител
-

Фицо: Постои растечка недоверба во ЕУ поради Украина
-

Орбан: Зеленски мора да знае дека може само да изгуби со напад врз Унгарија
-

САД на полноќ ќе престанат да ги наплаќаат царините кои Врховниот суд ги укина во петокот
-

Јавна дебата на УКИМ за предлог-законот за високо образование
-

Ниски утрински температури, преку ден сончево со температури до 16 степени
-

Поради зимска бура затворени училишта на североистокот на САД, откажани илјадници летови
-

Уапсен Артан Груби | ВИДЕО
-

Леброн Џејмс прв играч во историјата на НБА кој достигна 43.000 поени
