Гласањето во тек: Сител во трка за најдобар информативен портал во регионот
Специјализираниот веб портал Медиа Дејли за прв пат ја воведе и рубриката „избор на најдобар информативен портал oд регионот“ , а на листата од Македонија покрај сител се најдоа курир и скопјеинфо.
Медиа Дејли е првиот регионален и единствен специјализиран портал за медиуми www.mediadaily.biz кој од 1.11 до 30.11 на овие простори ќе спроведе независен избор за најдобар меѓу 30 информативни портали во регионот, односно Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Македонија.
Во објаснувањето на изборот, уредништвото на Медиа Дејли наведува дека информативните порталите во последните пет години станаа прво и главно место каде што граѓаните се информираат за дневните настании како такви, овие интернет страници имаат големо влијание во општествената и во медиумската сфера. Исто така тие забележуваат милионски посети и нивни постојани корисници се луѓе од сите старосни структури.
-Влијанието на онлајн порталите се разликува по начинот и стилот на известување, графичкиот дизајн и професионализмот и за тоа вреди да се вреднува и да се категоризира за да бидат уште подобри, а оние другите да се потрудат да постигнат подобри резултати. Целта, меѓу другото, на оваа иницијатива на порталот Медиа Дејли е најава таа да стане традиционален, што ќе биде одлична можност за трансгранична соработка, бидејќи станува збор за пазар од 20 и повеќе милиони луѓе, велат организаторите на овој избор.
Како и на кој начин ќе биде изборот на најдобриот меѓу 30-те најчитани портали?
На секоја држава и припаѓаат онолку портали сразмерно со бројката на населението така што е одредено: Србија да има 10 преставници, Хрватска седум, БИХ шест, Словенија и Македонија имаат по три претставници, а додека Црна Гора има само еден претставник.
На порталот www.mediadaily.biz читателите ќе можат да гласаат од овие 30 номинирани интернет страници, за својот омилен портал, а тоа ќе им донесе максимални 50% бодови, додека останатите 50 % бодови ќе ги даде жирито составено од еминетни експерти.
Гласањето и целиот избор ке почне од 01. 11. и ќе трае до 30.11.
Почитувани читатели, вашиот глас за Сител може да го дадете ТУКА.
Ново на Сител
-
На преговорите во Каиро поканета и израелска делегација
-
Недовршен портрет од Густав Климт, продаден за 30 милиони евра
-
ПМФЛ: Неочекуван пораз на Струга
-
Манчестер јунајтед подготвен да потроши 80 милиони евра за Араухо
-
Партиите бараат од граѓаните масовно да излезат на гласање на 8 мај, ВМРО-ДПМНЕ се изјасни дека би формирала влада со Вреди
-
Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност ќе одлучува за поскапувањето на полисата
-
Учениците на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Блинкен во посета на Саудиска Арабија, Јордан и Израел