Две лица избодени со нож во седиштето на „Сони мјузик“ во Лондон
Две лица беа избодени со нож денеска во главното седиште на британското претставништво на американската корпорација „Сони мјузик“ во реонот на Кенсингтон во центарот на Лондон, соопшти лондонската полиција.
Компанијата потврди дека двајца вработени во нејзиниот тим за дистирбуција учествувале во кавга, која прераснала во жестока тепачка.
– „Сони мјузик“ потврди дека дошло до инцидент во канцеларија во зградата на компанијата на улицата „Дери“, поради што зградата е евакуирана, изјави портпаролката на компанијата.
Таа додаде дека полицијата го истражува случајот.
Лондонската полиција претходно соопшти дека добила повик за инцидент на улицата „Дери“ околу 11 часот по локално време (12 часот по средноевропско време).
– Едно лице е уапсено, а инцидентот не се третира како тероризам. Полицајци, вклучително и полициски офицери со огнено оружје, како и екипа на Брзата помош се на местото на настанот. Во тек е евакуација од претпазливост. Две лица имаат повреди од убоди со нож и чекаме информации за нивната здравствена состојба, се наведува во соопштението од полицијата.
Ново на Сител
-
Европски Куп на ЕХФ: Алкалоид го совлада Рунар во првиот полуфинален натпревар
-
МВР со детали за сообраќајката кај Зелениково
-
Тешко повреден 14-годишен мотоциклист во Велес
-
Студентите во блокада остануваат пред РТС до исполнување на нивните барања, за власта тоа е незаконски начин
-
Хамилтон: Знам дека фановите на Ферари не се задоволни од мене
-
Гаши: Останувам во коалицијата „Влен“
-
Песков: Путин не дал никаква наредба за продолжување на велигденскиот прекин на огнот
-
Воз удри во автомобил на железничкиот премин кај Зелениково