Почнаа нови ископувања на локалитетот Градиште во Младо Нагоричане
Археолозите од НУ Музеј Куманово почнаа со овогодинешните ископувања на локалитетот Градиште во Младо Нагоричане. Тие работат на два сектори на акрополата и западната тераса на локалитетот кој се проценува дека е од хеленистичкиот период, 4 и 3 век п.н.е.
Археолозите во изминатите години при истражувањата на локалитетот пронајдоа остатоци од луксузна архитектура, градби во чии што склоп биле вградувани јонски столбови од локално производство, од локален камен од којшто се произведени, за што доказ се пронајдените деловите од столбовите. Открени беа ѕидови премачкани со малтер со фреско-декорација, што сведочи за високото културно и цивилизациско ниво на кое што се наоѓал овој безимен град на локалитетот Градиште.
Повеќеслојното наоѓалиште археолозите го истражуваат неколку години наназад и досега се откриени делови од градби, меѓу кои значајни се остатоците од градбата кои најверојатно припаѓале на луксузна резиденција или палата, која датира од 4 век п. н.е.Пронајдена е и богата декоративна камена пластика и капители од јонски столбови.
Локалитетот Градиште во Младо Нагоричане за прв пат е откриен пред околу 30 години, а уште при самото прибирање на површинскиот материјал, увидено е дека станува збор за богата населба лоцирана на левиот брег на Пчиња, која егзистирала во периодот на енеолитот, железното време, раната антика и хеленизмот.
Ново на Сител
-
Прилепчанец возел со 1,80 промили алкохол во крвта и со активна забрана за управување возило
-
Приведен возач кој удри 87-годишен пешак во Скопје
-
Реафирмирани ставовите за деблокада на евроинтеграцискиот процес
-
Во Нови Сад протест на средношколци од Србија против онлајн настава
-
Претседателката Сиљановска-Давкова на погребот на Папата Франциск
-
Во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим ќе биде погребан папата Франциск
-
Променливо облачно и нестабилно, со повремени локални врнежи од дожд и грмежи
-
Зеленски: Крим и припаѓа на Украина