Во Малешевијата до девет часот 686 граѓани гласале на референдумот
Во општините Берово и Пехчево на време започна референдумскиот процес. Според информациите кои ги добивме од оштинската изборна комисија во Берово и претседателот Мишо Догазански, по првиот пресек во 9 часот своето право на глас го оствариле 470 граѓани.
- Не се регистрирани никакви проблеми и забелешки околу почетокот на процесот за референдумот. Во Берово се гласа на 16 избирачки места а до 19 часот своето право на глас имаат право да го остварат вкупно 10.960 граѓани, рече Догазански.
Според информациите на Соња Бочварска, заменик претседател на општинската изборна во Пехчево таму гласаат 4178 граѓани.
- Од оние граѓани со право на глас до девет часот во Пехчево излегле 216 граѓани. Гласањето на референдумот се одвива без проблеми и во најдобар ред, рече Бочварска.
Во Пехчево до 19 часот граѓаните своето гласачко право ќе можат да го остварат на вкупно девет избирачки места.
Ново на Сител
-
Ангелов: Три пожари активни во моментов, деновиве од 20 до 30 пожари на отворен простор
-
УХМР: Од понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Кривична за поранешна директорка на средно училиште во Демир Хисар
-
Црногорската полиција трага по македонски државјанин осомничен за обидот за убиство на Марко Љубиша Кан во Будва
-
64-годишна жена нападнала малолетничка во Гази Баба
-
Тимови на Државниот пазарен инспекторат го контролираат спроведувањето на одлуката за цените на училишниот прибор
-
Приведено лице од Турција, при влез во државава во неговиот автомобил пронајдени два ножа, боксирач и палка
-
Во јуни издадени 213 одобренија за градење