Продолжува судењето за „Топлик“ на СЈО
Во Кривичниот суд за денеска е закажано ново рочиште за случајот „Топлик“ на Специјалното јавно обвинителство, каде првоосомничен е ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, за продажба на државно земјиште за изградба на комплексот „Сончев град“ во Сопиште.
На претходните рочишта обвинителите на СЈО ги пречитаа 608-те материјални докази во врска со предметот, а беа преслушани и неколку телефонски разговори, кои произлегуваат од следењето на комуникациите.
Според обвинението на СЈО, првоосомничениот Јанакиески, како раководно лице во Министерството за транспорт и врски, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која и наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев град“ во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа.
Од доказите, според СЈО, произлегува дека поради раскинувањето на договорот по вина на Министерството, тоа се обврзало во износ од еден милион евра да му исплати долг и затезна камата на правното лице „Сан сити“.
Ново на Сител
-
Втор ден од конклавата за избор на нов папа
-
Муцунски на средба со шефовите на дипломатиите на членките и кандидатите за членство во ЕУ во Варшава
-
„Њујорк тајмс“: Трамп треба да објави голем трговски договор со Обединетото Кралство
-
Паради по повод 80-годишнината од Денот на победата во Европа
-
Нетанјаху: Знаеме дека 21 заложник е жив, нема потврда за судбината на уште тројца
-
Променливо облачно, попладне наместа пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-
Состојба на патишта
-
Црн чад над Сикстинската капела во Ватикан