Заменик министерот за надворешни работи кој ги навреди Турците, ќе биде косовски амбасадор во Македонија

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај на барање на пратениците од Групата 6+, претставници на етничките малцинства во Собранието во Приштина, се дистанцира од навредите на заменик министерот за надворешни работи на Косово, Ѓерѓ Дедај упатени кон Турција, но и покрај тоа тој најверојатно ќе биде именуван за амбасадор во Македонија, тврди „Коха Диторе“.
Како што јави дописникот на МИА од Приштина, пратениците на Групата 6+, кои се дел од владејачката коалиција, побараа и разрешување на Дедај, за што Владата во Приштина се уште се нема изјаснето.
- Дедај со неговите понижувачки изјави, со кои предизвикува раздор, ја навреди турсската заедница во Косово, се вели во писмото на пратениците од малцинските заедници упатено до косовскиот премиер.
Но, и покрај тоа, според „Коха Диторе“, која се повикува на свои сигурни извори во Владата на Харадинај, Дедај е веќе предложен за амбасадор на Косово во Македонија и се очекува негово скорешно именување на таа позиција од страна на претседателот Хашим Тачи.
Веста за можното именување на контроверзниот Дедај за дипломатски претставник во Македонија, предизвика бројни негативни реакции во Косово, особено на социјалните мрежи, но и во медиумите.
Ново на Сител
-

Израел предупреди дека може да ги интензивира нападите врз Хезболах во јужен Либан
-

НБА: Мемфис го суспендираше Морант поради несоодветни коментари
-

Локални избори 2025, вести во 09:30
-

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти
-

Зеленски најави бесплатно патување со воз и фиксни цени на енергијата
-

Почна гласањето за вториот круг од локалните избори
-

Втора вечер по ред забележани дронови над белгиската воена база „Клајне-Брогел“
-

Трамп ѝ се закани на Нигерија: Ако нападнеме, тоа ќе биде брзо, сурово и слатко
