Исени: Одлуката на Косово за заштитна царина за земјоделско производи е неразумен потег

Одлуката на Косово за воведување заштитни царини за прехранбени земјоделски производи Стопанската комора на Северозападна Македонија ја сметаат за неразумен, односно погрешен потег од другата страна, која може да има негативни ефекти на бизнисот, но и да е спротивна на Спогодбата на ЦЕФТА, поради што таа треба да се преиспита.
- Република Косово е најзначајниот партнер во трговската размена со Република Македонија. Воведување такви мерки кои се рестриктивни и се спротивни на слободната трговија меѓу земјите секако дека го сметаме како како неразумен, односно погрешен потег од другата страна, реле Дрилон Исени, извршен директор на Комората.
Тој додава дека има реакции и од страна на добавувачите од Косово и оти и тие се жалат на оваа мерка.
- Тие сметаат дека немаат потенцијал од нивните ресурси да ги исполнат реалните потреби. Затоа имаат спротивен став на оваа мерка, рече Исеини.
Повика косовската Влада да работи разумно за слободна трговија, бидејќи, како што рече, оваа мерка може да се коси со Спогодбата на ЦЕФТА. Доколку Косово не ги исполнува обврските што ги има преземено, тоа коже лошо да влијае на репутацијата на земјата.
Мерката стапува да се применува во петок. За сите видови овошје и зеленчук, кои влегуваат во Косово од други земји, како привремена мерка која ќе трае 90 дена, ќе се плаќа 30 отсто повисока царина од досегашната.
На листата на земјоделски производи, кои ќе подлежат на привремените царински мерки, се најдоа: компирот, доматот, пиперката, краставицата, лубеницата, дињата, раната (пролетна) зелка, доцната (есенска) зелка, салатата (во сите варијанти), спанаќот, кромидот, морковот, монокултурниот грав, јаболкото, крушата, сливата, црешата, јаготката, малината, капината и пченката.
Ново на Сител
-

Кремљ ги отфрли шпекулациите за раздор меѓу Путин и Лавров
-

Српско МВР: Приведени неколку луѓе во врска со случајот „уфрлени снајперисти“
-

Зеленски: Орбан нема да го запре движењето на Украина кон ЕУ, исто како што Русија не успеа
-

Ѓоковиќ прв финалист во Атина
-

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи
-

Цената на преспанското јаболко со Цветан Трипуновски | Неформално | Sitel Podcast 122
-

Полициски службеник ја заменил урината на својот приведен син, кривична за техничар кој му овозможил пристап до доказите
-

Триесет дневен притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата, за едно лице одреден куќен притвор
